24фудбал

Бомба од Турција: Менаџерот на Роналдо го посакува најталентираниот македонски фудбалер!

Медиумите во Турција пишуваат дека еден од најпознатите фудбалски менаџери во светот го додал нашиот суперталентиран фудбалер на списокот на желби.

Македонија

Под насловот „Жорге Мендеж притиска за Елиф Елмас“, турски „Јенишафак“ пишува за упорноста на еден од најпознатите фудбалски менаџери во моментов, Португалецот Жорге Мендеш, во обидите да ги добие правата на нашиот 17 годишен суперталентиран фудбалер на гигантот од Истанбул, Фенербахче, Елиф Елмас.


Познато е дека големата надеж на македонскиот фудбал за жал ќе чека седо наредниот преоден рок (јануари) за да почне да настапува во клубот каде премина ова лето, поради тоа што Фенербахче не доби посебна дозвола од ФИФА за регистрација на малолетниот Елмас, кој месецов на 27 ќе наполни 18 години, но мошне доцна за да биде регистриран, откако веќе истече преодниот рок, а плановите кои ги „кроеше“ турскиот тим целосно паднаа во вода изминатиот период по негативниот одговор од Светската фудбалска организација.


Според информациите кои пристигнуваат се вели дека Мендеш се вклучил сериозно во трката да го добие Елиф Елмас под своја капа, уште веднаш кога ФИФА испратила негативен одговор на барањето на Фенербахче, за посебна дозвола за регистрација на фудбалерот.

Кристиано Роналдо, Хамес Родригез, Диего Коста и Ди Мариа, ова се само дел од ѕвездите во фудбалска Европа кои ги застапува Жорге Мендеш, каков ќе биде исходот од обидите за неговата најнова желба, останува да видиме во периодот што претстои.

Впрочем, со самото тоа што Мендеш посакува да го има Елмас под своја капа, доволно говори за каков талентиран фудбалер станува збор, а португалскиот менаџер ретко кога греши во својот избор.

 

Извор/Фото: yenisafak.com