24фудбал

Манчини: Вардар ќе биде мотивиран, но во Скопје дојдовме за да победиме

Тренерот на Зенит, Роберто Манчини вели дека добро го скенирале Вардар и утре ќе се обидат со сите три бода да заминат од Скопје.

Македонија

Утре Вардар го почнува настапот во групната фаза од Лига Европа, прв противник е тимот на Зенит кој денеска допатува во Скопје.

На редовната прес конференција Роберто Манчини го искажа мислењето во пресрет на натпреварот.

„Добро ја анализиравме играта на Вардар, знаеме дека противникот има искусна одбрана, а во нападот е опасен на контри. Тие ќе бидат исклучително мотивирани против нас. Но ние сме подготвени за надигрување, тука дојдовме за да победиме“ - вели Манчини.

„Свесни сме дека ова натпреварување не е на рангот на Лигата на шампионите, но за нас нема разлика, ние на секој натпревар одиме на победа“.

Во составот на Зенит ќе недостасува најголемото летно засилување, Паредес за кого платија 27 милиони евра.

„Некои фудбалери останаа во Русија, Паредес и Шатов имаат повреди и моја е одлуката да не допатуваат тука. Се надевам дека и двајцата ќе бидат подготвени за нашиот следен меч во руското првенство. Но имаме играчи кои можат да играат на највисоко ниво и тоа треба да го покажат утре. Точно е дека на последните две средби не постигнавме гол, но тоа не мора ништо да значи“.

Натпреварот помеѓу Вардар и Зенит се игра утре со почеток од 21:05.