24фудбал

Составот вреден 120 милиони евра тренираше на арената во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Руски Зенит го почувствува тревникот на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје.

Македонија

Утревечер (21,05) македонскиот шампион Вардар ја почнува својата европска авантура, и тоа со натпреварот против руски Зенит на домашен терен на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје, во рамките на воведното, прво коло од групата „Л“ во Лига Европа.

Тимот од Санкт Петерзбург веќе го одржа својот прв тренинг на најголемата фудбалска арена во нашата земја, на која утре главен делител на правдата ќе биде данскиот арбитар Јакоб Келет.

Зенит е фаворит во дуелот со нашиот претставник, нема дилеми, но знаел Вардар да елиминира и такви, па зошто да не и противнички состав кој на трансфер пазарот вреди цели 120 милиони евра...



Фото: Кочо Сотировски (24фудбал)