24фудбал

Јаневски: Зенит е фаворит, но ние работевме напорно за уште еден добар меч пред нашата публика

Тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски вели дека на утрешниот натпревар тие нема што да загубат но можат многу да добијат, се знае кој е фаворит, но „црвено-црните“ ќе се обидат да ја израдуваат домашната публика.

Македонија

Вардар утре ја почнува авантурата во Лига Европа, македонскиот шампион со почеток од 21:05 го пречекува силниот тим на Зенит кој е лидер во руското првенство.

„Зенит е фаворит, тоа е јасно, но ова е меч на кој ние нема што да загубиме, можеме само да добиеме. Ги анализиравме, работевме напорно за да одиграме уште еден добар натпревар пред нашата публика, пред Комитите. Ќе се обидеме да дојдеме до добар резултат“ - вели Јаневски.

„Тие имаат фантастични поединци кои во секој момент можат да блеснат, па мора да бидеме внимателни во текот на целиот натпревар. Тактички нема многу да менуваме, не бев со тимот на подготовките, па ќе ја играме истата игра“.

„Утрешниот натпревар ќе го пропушти Евгениј Новак поради повреда. Поради тоа беше отсутен и на последните два натпревари од домашното првенство, во консултација со лекарскиот тим одлучивме да го прескокне и овој“.