24фудбал

Грнчаров: Знаеме кој е Зенит, но можеме утре да се радуваме

Капитенот на Вардар, Бобан Грнчаров верува дека „црвено-црните“ утре можат да дојдат до победа и покрај силината на рускиот тим.

Македонија

Вардар утре со почеток од 21:05 го пречекува Зенит во првото коло од групната фаза во Лига Европа. По суспензијата на мечот со Фенербахче во Истанбул, капитенот Бобан Грнчаров се враќа во тимот.

„Играме против клуб кој во 2008 ја освои Лига Европа, знаеме кој е Зенит, знаеме дека ќе биде тешко, но со офанзивна игра и со голема поддршка од публиката можеме да дојдеме до резултат“ - вели Грнчаров.

„Свесни сме за противниците со кои играме, но со добар старт на натпреварите од групната фаза можеме да размислуваме и за пласман во следната рунда“.