Категорија: Лига на Шампиони 13.09.2017 21:18
Манчестер Сити поведе со еден мошне интересен погодок на кој му „кумуваа“ и дел од фудбалерите на Феенорд во мечот од групата „Ф“ во првото коло од Лигата на шампионите.
23 годишниот дефанзивец на англискиот тим, Џон Стоунс биеше со глава по нафрлената топка од корнер, а неговиот удар можеа домаќините да го скротат на самата гол линија, но таму едноставно се „побрка“ Вилхена по што топката мина на негова несреќа низ неговите нозе.