24фудбал

ЛШ, полувреме: Фирмино ја одржа во живот Севилја, Роналдо погоди против АПОЕЛ, Манчестер Сити го „меле“ Феенорд на негов терен (ВИДЕО)

Полувреме на вечерашните средби од воведното, прво коло од фудбалската Лига на шампиони.

Лига на Шампиони

Вечерва се игра втората рунда натпревари од воведното коло од елитното европско клупско првенство каде на програмата се вкупно осум средби.

Ливерпул има водство над Севилја на домашен терен со 2-1, а англискиот тим со пресврт дојде до овој резултат по првите 45 минути игра.

Бен Једер најнапред ги доведе гостите во водство уште во 5. минута, но во продолжение Фирмино во 21. и Салах во 37. минута донесоа водство за „Редсите“. Фирмино можеше да постигне и втор гол во самиот финиш на првиот дел, но во 42. минута погоди во стативата во обидот од пенал.

Интересен натпревар се игра и во Лондон, каде Тотенхем води со 2-1 на домашен терен над Борусија Дортмунд. Домаќините уште во 4. минута поведоа со голот на Сон, но радоста траеше само седум минути по израмнувачкиот гол на Јармоленко. Тотенхем се врати во водство со голот на Кејн во 15. минута.

Од останатите средби, бранителот на европската титула, Реал Мадрид со голот на Роналдо од 12. минута, има минимално водство над АПОЕЛ на „Сантијаго Бернабеу“, додека пак Манчестер Сити со погодоците на Стоунс, Агуеро и Жезус води со 0-3 на гостувањето кај Феенорд.

 

Група „Е

Марибор – Спартак Москва 0-0

Ливерпул – Севилја 2-1 (Беј Једер 5’, Фирмино 21’, Салах 37’)




 

Група „Ф

Шахтјор – Наполи 1-0 (Тајсон 15’)


Феенорд – Манчестер Сити 0-3 (Стоунс 2’, Агуеро 10’, Жезус 23)




 

Група „Г

Порто – Бешикташ 1-2 (Талиска 13’, Марега 21’, Тосун 28')




Лајпциг – Монако 1-1 (Форсберг 33’, Тиелеманс 35’)




Група „Х

Тотенхем – Борусија Дортмунд 2-1 (Сон 4’, Јармоленко 11’, Кејн 15’)




Реал Мадрид – АПОЕЛ 1-0 (Роналдо 12’)


 

Фото: uefa.com