24фудбал

Рамос погоди со ножички против АПОЕЛ (ВИДЕО)

Убав гол на дефанзивецот на Реал Мадрид кој одлично се снајде во противничкиот казнен простор.

Лига на Шампиони

Бранителот на европскиот трон, Реал Мадрид ја оправдува фаворитската улога на дуелот против АПОЕЛ во првото коло од групата „Х“ каде се уште сместени и Тотенхем и Борусија Дортмунд.

По минималното водство на полувремето на „Сантијаго Бернабеу“, домаќините во второто полувреме продолжија мошне офанзивно, а голот за водство од 3-0 дело на Серхио Рамос во 61. Минута беше мајсторија на мал простор, и тоа со ножички.