24фудбал

Руските хулигани дивееја во Марибор, за малку ќе настрадаше судијата! (ВИДЕО)

Момент од средбата во Словенија можеше да донесе тежок инцидент, кога една бакља падна на теренот близу германскиот арбитар.

Лига на Шампиони

Марибор успеа да стигне до бод во дуелот на домашен терен со Спартак Москва во првото коло од групата „Е“ каде Ливерпул и Севилја ремизираа со 2-2.

Сепак, мечот во Марибор не можеше да мине без инциденти, па така гостинските навивачи најпрво запалија бакљи на трибината од „Људски врт“, каде што беа сместени, за потоа дел и да фрлат на теренот, а една беше упатена токму кон центарот, каде се наоѓаше германскиот арбитар Ајтекин кој за среќа не беше погоден во оваа ситуација.