24фудбал

Неверојатна статистика на Роналдо по двата гола против АПОЕЛ

Португалецот поставува нови, повисоки стандарди во фудбалот.

Лига на Шампиони

Реал Мадрид со победа од 3-0 на домашен терен над АПОЕЛ тргна во одбраната на европската титула, а Кристиано Роналдо го предводеше својот тим со два гола во победата.

Интересен статистички податок доаѓа од најновото издание на Португалецот во овосезонскиот старт на Лигата на шампионите, тој веќе цели шест години во континуитет погодува на отворањето во елитното европско клупско натпреварување за својот тим, а низ графички приказ можете да го проследите неговиот учинок.

 

Во меѓувреме, вреди да се издвои и дека првата ѕвезда на Реал Мадрид со двата вечерашни погодоци против кипарскиот тим стигна до фантастичната бројка од цели 107 погодоци во Лигата на шампионите, што воедно е рекорд во ова натпреварување.