24фудбал

Роналдо им го „сврте умот“ на своите соиграчи за време на тренинг, погоди и на крајот извика – ВАМОС! (ВИДЕО)

Португалецот доста мотивиран како на натпреварите, така и на тренинзите на својот клуб.

Лига на Шампиони

Европскиот првак Реал Мадрид со триумф од 3-0 тргна во походот кон одбраната на титулата во Лигата на шампионите, настрада кипарски АПОЕЛ кој немаше сили за било какво изненадување на „Сантијаго Бернабеу“.

Роналдо погоди два пати, Рамос еднаш, а двата гола на Португалецот само ја „набилдаа“ фантастичната статистика на првата ѕвезда на Реал Мадрид која донесе две мошне интересни факти поврзани со него.

Сепак, како се подготвуваше Роналдо за дуелот со АПОЕЛ, можете да проследите во видеото кое пред натпреварот го објави тимот од Мадрид на социјалните мрежи...