24фудбал

Полошо од првичните прогнози, Погба подолго време ќе биде надвор од стројот

Медиумите од „Островото“ пишуваат дека Манчестер јунајтед добил лоши вести од прегледите на Пол Погба, Французинот поради повреда на задната ложа ќе паузира од четири до шест недели

Англија

Пол Погба против Базел во Лигата на шампионите на теренот издржа само 20 минути и мораше да биде повлечен од игра откако се пожали на болки.

Во прв момент се говореше дека играчот ќе паузира околу две недели, но последните извештаи носат полоши прогнози.

Медиумите од „Островото“ пренесуваат дека Французинот ќе биде надвор од стројот еден месец, а постои можност паузата да трае и до шест недели.

Се очекува Жозе Мурињо во петок да открие повеќе детали за повредата на Пол Погба.

Со пауза од еден месец, тој ќе ги пропушти дуелите против Евертон, Саутемптон, Кристал Палас и Ливерпул во Премиерлигата, средбата со Бартон во Лига Купот како и пресметката со ЦСКА Москва во Лигата на шампионите.

Пол Погба исто така нема да биде во комбинација и за натпреварите на Франција против Бугарија и Белорусија во квалификациите за мундијалот во Русија.