24фудбал

Барди ја „стресе“ и Валенсија, одличен гол на Македонецот во градското дерби (ВИДЕО)

Нов гол за Енис Барди во Примера, репрезентативецот на „Црвено-жолите“ денеска ја затресе мрежата на Валенсија во градското дерби

Шпанија

Откако одмараше во претходното коло, Македонецот денес доби шанса од првата минута во дербито на Валенсија и за укажата доверба врати со гол.

Кон финишот на првиот дел, Енис Барди смири една топка на гради во шеснаесетникот на гостите и потоа неодбранливо биеше за 1-1.