24фудбал

Нејмар во пакт со Дани Алвеш почнаа да прават проблеми во ПСЖ (ВИДЕО)

Инцидент на мечот против Лион, Нејмар заедно со Дани Алвеш против Кавани, Бразилците здружени сакаа да му го одземат правото на Уругваецот да изведе пенал за ПСЖ.

Франција

На мечот помеѓу ПСЖ и Лион кој домаќините го добија со 2-0 се случија сцени кои покажуваат дека нема некоја убава хемија во богатиот француски клуб.

Единсон Кавани е прв изведувач на пеналите во ПСЖ, но Нејмар и Дани Алвеш не го почитуваа зборот на тренерот и на сила сакаа да му ја земат топката на Уругваецот. 

Дани Алвеш му ја зема топката на Кавани и му ја даде на Нејмар, но на крајот уругвајскиот фудбалер сепак го изведе пеналот. Кавани не погоди од белата точка, можеби беше и вознемирен од односот на Бразилците кон него. 

Како и да е, двете фудбалски ѕвезди кои ова лето дојдоа во ПСЖ треба да почнат да ги почитуваат и тимските правила.