24фудбал

Реал Мадрид се израмни со Сантош во еден рекорд, постои мошне интересна коинциденција во градењето на истиот!

Интересна коинциденција со израмнетиот рекорд со славниот бразилски фудбалски клуб, во негативна смисла ќе се памети Реал Сосиедад, во позитивна Герет Бејл.

Шпанија

Реал Мадрид славеше на гостувањето кај Реал Сосиедад со 1-3 во четвртото коло од Примера, а бранителот на трофејот во Шпанија претходно одигра две ремија во серија, најнапред против Леванте, а потоа и Валенсија, но тоа остана сега во сенка.

Мадриѓаните со голот на Бејл за потврдување на победата на „Сан Себастијан“ стигнаа до бројката од 73 погодоци во низа, и со тоа го израмнија рекордот на Сантош од далечната 1963. година. Инаку серијата на погодоци започна лани на гостувањето токму против Реал Сосиедад, кога Герет Бејл донесе минимална победа од 0-1, од тогаш Кралевите не запреа со погодоци.