24фудбал

Барди: Сонував да играм за Албанија, но тие не ме сакаа

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди вели дека сон на секој Албанец во Македонија е да игра за албанската репрезентација.

Македонија

Енис Барди игра во одлична форма во Леванте и полека се промовира во еден од клучните игрчи од средниот ред на македонската репрезентација.

Но, Барди никогаш немало да биде македонски репрезентативец доколку Фудбалската Федерација на Албанија одговорела позитивно на барањето на неговиот менаџер тој да игра за нивната селекција.

„Сонував да играм за Албанија. Ми кажаа дека треба да одам во Албанија и да бидам тестиран од тренерот Реди Јупи. Мојот менаџер играл со него во Динамо од Тирана, па побаравме средба, но не добивме одговор. Не верувам дека има Албанец во Македонија кон не сака да игра за Албанија. Но Албанската фудбалска федерација беше непрофесионална и јас испаднав жртва“ - изјави Барди за албанските медиуми.

Барди зборува и за натпреварот кој Македонија и Албанија го одиграа во Струмица.

„Бев возбуден кога се интонираше албанската химна, не ми се допаднаа свирежите, но ние сме професионалци. Единствената причина поради која натпреварот не се одигра во Скопје е бидејќи таму можеше да има повеќе Албанци, но и од безбедносни причини“.

Барди откри и кој е неговиот клуб за кој сонува да игра.

„Мој сон е еден ден да го облечам дресот на Реал Мадрид“.