24фудбал

Не можеше да ги победи емоциите: Камерите го „уловија“ таткото на Пјетро Пелегри со солзи во очите! (ВИДЕО)

Многу емоции на клупата на италијанскиот прволигаш, се чини дека Џенова дефинитивно има фудбалски бисер во своите редови.

Италија

Џенова загуби на домашен терен од Лацио со 2-3, тимот од Рим е во фантастична форма а резултатот од натпреварот во четвртото коло од италијанската Серија А остана во втор план.

Сите погледи од овој натпревар се вперени кон младиот 16 годишен суперталентиран фудбалер на Џенова, Пјетро Пелегри кој ги постигна двата гола за својот тим.

Веќе пишувавме на оваа тема, неговиот татко, Марко Пелегри неодамна беше ангажиран како тим менаџер на Џенова и има одлична соработка со шефот на стручниот штаб Иван Јуриќ, со кого се блиски пријатели.

Пелегри доби прилика за настап по повредата на Сентурион, играше 67 минути и веднаш ја оправда довербата, а на клупата на домаќините камерите го уловија неговиот татко со солзи во очите, момент кој веднаш стана топ тема во Италија.