24фудбал

Нејмар како мало дете, го отследи Кавани од Инстаграм по расправијата на мечот со Лион!

Нејмар со доаѓањето во ПСЖ за рекордна сума помисли и дека ќе биде главен во тимот, но наиде на „тврд орев“, Единсон Кавани не му попушта на Бразилецот и веќе неколку пати покажа кој е кој.

Франција

Единсон Кавани е задолжен за изведување на пеналите во ПСЖ и за дел од слободните удари. Нејмар веќе неколку пати на теренот на сила се обидува да ја земе топката и тој да изведе, но засега не му оди најдобро.

На натпреварот со Лион, Нејмар побара помош и од својот сонародник Дани Алвеш, но ниту тој не успеа да му го одземе на Кавани она што е негово, изведувањето на пеналите и слободни удари.

Нејмар сериозно ја „спукал“ со Кавани, француските медиуми пишуваат дека во соблекувалната Тиаго Силва спречил тепачка помеѓу двајцата. 

Подоцна Нејмар направи уште еден детски потег, го отследил Кавани од својот Инстаграм профил. За разлика од него, Уругваецот се уште го има Нејмар на листата на луѓе кои го следи.

Нејмар сака да ја освои Златната топка, да биде најдобар во светот, затоа и замина од Барселона, да излезе од сенката на Лео Меси, но Бразилецот се однесува премногу несериозно за играч кој претендира да биде на врвот.