24фудбал

Барселона со две задоцнети реакции при обидите да купува во Атлетико Мадрид ова лето

Атлетико Мадрид со две експресни реакции ги задржал предводниците во својот тим.

Шпанија

Според информациите кои пристигнуваат од Шпанија, се вели дека Барселона била сериозна во намерите да го добие офанзивецот на Атлетико Мадрид, 22 годишниот Саул Нигез.

Сепак, претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу се чини дека имал задоцнета реакција во овој случај, каталонскиот гигант сакал да ја активира откупната клаузула за Саул ова лето, која изнесуваше 80 милиони евра, но реакцијата на тимот од Мадрид била експресна.

Во текот на Европското првенство за фудбалери до 21 година, кое се одржа во Полска, Саул ја продолжи соработката со Атлетико Мадрид и потпиша нов договор кој го обврзува на верност со клубот до 2026. година, а сега неговата откупна клаузула изнесува 150 милион евра.

Дека Барселона имала двоен пораз во обидите да се засилува во Атлетико Мадрид ова лето, говорат и шпекулациите кои велат дека Каталонците сакале да ја активираат и откупната клаузула на Антоан Гризман, Барселона решила да ги исплати бараните 100 милиони евра во договорот на Французинот, но Атлетико Мадрид веднаш возвратил со реакција, нов договор на Гризман со клубот до 2022. година и откупна клаузула од 200 милиони евра.

Подоцна Барселона имала обид да го добие Гризман за 140 милиони евра, но оваа понуда воопшто не била интересна за раководството на тимот од Мадрид.

Според изворот, Саул и Гризман наводно немале против да бидат во тим каде ќе ја делат соблекувалната со Меси, а впрочем ќе настапуваат и заедно на теренот, посебно Французинот за кого се вели дека требало да биде идеално решение по заминувањето на Нејмар од клубот и преселбата во ПСЖ.

Сепак, вреди да се издвои дека обидите на Барселона да се засили со Гризман биле пред Нејмар да замине во ПСЖ, што можеби говори дека двете реакции, посебно онаа втората за Французинот, биле задоцнети, а Барселона уште тогаш почнала да „кова“ стратегија како да ја пополни дупката во тимот.