24фудбал

Рио Фердинанд потврди, станува професионален боксер! (ВИДЕО)

Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед и англиската репрезентација, Рио Фердинанд на 38 години ќе стане професионален боксер.

Англија

Стигна потврдата од Фердинанд на она што го најавија англиските медиуми, поранешниот фудбалер ќе се проба во нов спорт, станува боксер.

Рио Фердинанд на социјалните мрежи често објавуваше видеа како тренира бокс, па обложувалницата Бетфер му понуди да стане професионален боксер, со нивна помош тој треба да ја добие потребната лиценца.


„Кога Бетфер ми го понуди предизвикот „Defender to Contender“, шансите да се докажам во нов спорт за мене станаа реалност“ - вели Фердинанд.

„Боксот е неверојатен спорт за умот и телото. Отсекогаш сум ја имал пасијата за него и овој предизвик е перфектна можност да им покажам на луѓето што е возможно. Ова е предизвик кој нема да биде лесен, јасно е дека секој не може да стане професионален боксер, но со тим од експерти ќе можам да успеам и да покажам дека се е возможно“.