24фудбал

ФИФА даде зелено светло за регистрација на Елмас, Фенербахче чека уште една дозвола!

Тимот од Истанбул ја доби бараната специјална дозвола од ФИФА за регистрација на Елиф Елмас, сега останува уште еден детал да се реши, кој можеби и ќе биде потешко и од првиот извојуван.

Македонија

Според информациите кои ги пренесуваат медиумите во Турција, се вели дека гигантот од Истанбул, тимот на Фенербахче добил позитивна реакција од ФИФА во нивното барање за добивање на посебна дозвола за регистрација на Елиф Елмас, кој би можел веднаш да почне со настапи за првиот тим, во моментов само тренира со него. Оваа информација воедно е потврдена и на официјалниот клупски сајт на Фенербахче


Елмас ќе наполни 18 години на 27 овој месец, а Фенербахче кроеше многу планови за тоа како да добие специјална дозвола од ФИФА подолг период, по што упорноста на турскиот клуб се исплатеше, но работата барем засега е половично завршена.

Сега тежиштето на битката на тимот од Истанбул се префрла во Турската Фудбалска Федерација, сега од таму треба да добие специјална дозвола за пријавување на Елмас во тимот. Од тоа што е познато, ФИФА уште денес треба да ги испрати документите до тамошната фудбалска федерација, од каде што ќе се чека одговор за оваа ситуација.

Останува отворено прашањето како Фенербахче ќе се справи со целата оваа ситуација, од причина што пишувавме за тоа како кроеше планови во регистрацијата на тимот за оваа сезона во тамошниот фудбалски шампионат.

Фенербахче имаше опција повредениот Ван Перси да отпадне на сметка на Елиф Елмас, но првичните реакции на ФИФА за овој случај беа негативни, па така Холанѓанецот беше ставен во тимот кој требаше да брои точно 14 странски фудбалери, онолку колку што брои во моментов.

 

Извор: skor.sozcu.com.tr