24фудбал

Фановите на Јунајтед на удар, нивната песна за пенисот од 24 инчи на Лукаку е расистичка! (ВИДЕО)

„Црвените Ѓаволи“ добија поплка од организацијата за анти-дискриминација, Кик ит Аут, според нив расистичка е новата песна на фановите за Ромелу Лукаку и должината на неговиот пенис

Англија

Навивачите на Манчестер јунајтед се во одлично расположение на почетокот од сезоната, нивниот клуб игра извонредно и е на врвот на табелата, а скапото летно засилување Ромелу Лукаку редовно ги тресе противничките мрежи.

Но тие сега се на удар а причината е нивната нова песна за Ромелу Лукаку, која за големиот дел од фановите е урнебесна.

На последните неколку натпревари од трибините може да се слушне: „Ромелу Лукаку, тој е нашиот белгиски голгетер генијалец, со пенис од 24 инчи и ги постигнува сите голови.

Организацијата за анти-дискриминација, Кик ит Аут сепак сметаат дека овие зборови се расистички па доставија поплака до Манчестер јунајтед.

„Расистичките стереотипи не се прифатливи, без разлика што навивачите имаа намера да изразат поддршка за играчот – се вели во соопштението на Кик ит Аут.

„Стапивме во контакт со Манчестер јунајтед околу оваа работа и ќе соработуваме со нив и со Фудбалската Асоцијација за да се погрижиме дека ќе му се посвети внимание на овој проблем.

„Доколку добиеме нови извешти за дискриминирачки скандирања, тие ќе бидат препратени до ФА и сторителите ќе можат да очекуваат казна.

Влијателниот блогер на Манчестер јунајтед, Скот Патерсон исто така ги осуди скандирањата.

„Имаме огромен талент во нашиот тим, во моментов прв стрелец во првенството а ние се радуваме на наводната големина на неговиот к*р! Знаете, бидејќи сите црни момци имаа огромни к**ви. Тој е силен, моќен, атлетски граден ѕвер со огромен к*р како и сите други црномурести играчи. Па ова е евтин и навредив стереотип за кој нема простор во ова модерно време – вели тој.