24фудбал

Претседателот на Барселона објаснува зошто пропаднал трансферот на Кутињо

Жозеп Бартомеу го впери прстот кон Ливерпул, воедно издвои и дека трансфер пазарот ги надминал сите граници во моментов.

Шпанија

Барселона извиси во обидите да се засили со Кутињо ова лето, а претседателот на каталонскиот гигант, Жозеп Бартомеу ја кажа својата страна на приказната за тоа зошто пропаднале обидите за ангажман на Бразилецот од редовите на Ливерпул.

По продажбата на Нејмар ова лето кој замина во ПСЖ за неверојатни 222 милиони евра, Барселона макотрпно работеше на тоа да добие адекватно засилување со кое би ја пополнила дупката која ја остави Нејмар по заминувањето од клубот, едно од идеалните решенија беше токму Кутињо.

Во изјава за медиумите во Шпанија, Бартомеу вели дека двата клуба биле далеку од договор, а за тоа ги наведува причините.

Не можам да кажам колку понудивме, но тие бараа 200 милиони евра, ние немаше да дадеме 200 или 150 милиони евра, ние решивме да се оддалечиме од тој скап трансфер, нашата понуда беше помала од 100 милиони евра, со бонуси достигаше до 120 милиони евра“ вели Бартомеу.

Парите влегоа во фудбалот вон играта и го направија трансфер пазарот премногу скап, што доволно ја објаснува ситуацијата со Кутињо“ додава тој.

Освен за Кутињо, Бартомеу повторно се осврна и на Нејмар, а како главен виновник за развојот на околностите со Бразилецот, го посочи неговиот татко, кој уверувал дека нема ништо ова лето во однос на шпекулациите кои го поврзуваа неговиот син со ПСж.

Нејмар? Официјално, ние дознавме дека си заминува кога тој ни го кажа тоа. Во крајот на јули видовме дека работите не се движат во позитивна насока, но неговиот татко не убедуваше нема нема ништо... Му верувавме на неговите зборови но требаше да постои и малку искреност, но, како и да е, мораме да бидеме и самокритични за ова...“ заврши Бартомеу, кој во моментов се бори за да остане на својата позиција, откако на големо се најавува дека во клубот потесното раководство ќе биде изгласа недоверба во него.