24фудбал

Пријател на Крос открива како Баерн го изгубил Крос во „кражбата на векот“ од страна на Реал!

Познати се детали за тоа како Баерн Минхен допуштил да замине од клубот еден од најдобрите фудбалери на тимот, Тони Крос.

Германија

Стефан Рајнарц, поранешен соиграч на Тони Крос во Баер Леверкузен, воедно и негов близок пријател, во интервју за германски медиуми објаснува зошто неговиот пријател го напуштил минхенски Баерн и преминал во редовите на Реал Мадрид.

Нему му беше понуден нов договор, но тој знаеше колку заработува Геце, кој воедно е на иста годишна возраст како и него, па сакаше да биде платен повеќе. Баерн не сакаше да му даде 10 милиони евра“ открива Рајнарц.

Според зборовите на Рајнарц, тој вели дека Баерн не направил доволно напори да го задржи во своите редови 27 годишниот Крос, а Сити и Јунајтед биле посебно загреани за него, на крајот Реал Мадрид ги победи своите ривали ангажирајќи го Германецот за сума од 25 милиони евра, агентот на германскиот репрезентативец, Волкер Штрут, своевремено тоа го нарече „кражба на векот“, а Рајнарц открива како Баерн Минхен постапил со неговиот пријател и поранешен соиграч со кого ја делеа соблекувалната во периодот кога Крос играше како позајмен во тимот на Баер од Леверкузен (2009/10).

Како главен виновник во целата ситуација со Крос, тој го посочува претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге.

Румениге му кажа на Тони дека тој не може да биде платен 10 милиони евра, бидејќи не е фудбалер од светска класа, Тони не го интересираа парите, онолку колку што бараше доверба од другите луѓе, тие не го препознаа неговиот квалитет, затоа и си замина од таму...“ додаде Рајнарц.

Инаку, 28 годишниот Стефан Рајнарц играше се до лани, а последниот дрес кој го носеше на него беше оној на Ајнтрахт Франкфурт, каде во една сезона на 15 натпревари постигна еден погодок, беше дел и од Баер Леверкузен, односно Нирнберг, каде воедно играше како позајмен фудбалер. За Германија има забележано три настапи.