24фудбал

Менаџерот на Барди: Енис игра за Македонија, го сакаат сите, Милевски направи Македонците и Албанците да дишат како едно

Менаџерот на Енис Барди, Меритон Бериша во интервју за албански „Спорт Експрес“.

Македонија

Албански „Спорт Експрес“ направи интервју со фудбалскиот менаџер Меритон Бериша, инаку менаџер на нашиот на нашиот репрезентативец, 25 годишниот Енис Барди, а ова доаѓа по изјавата на Барди во која тој изјави дека ‘не постои Албанец од Македонија кој не сонува да игра за Албанија‘.


Првото прашање на албанскиот медиум беше токму во конотација на изјавата на Барди претходно, Бериша требаше да даде одговор за вистината околу сторијата со фудбалерот кој го претставува, дали Барди бил во плановите на Албанската Фудбалска Федерација или пак не, и зошто во моментов Барди игра за Македонија.

Мислам дека луѓето не ја знаат вистината, ова е одлична можност да откриеме неколку работи поврзани со оваа тема. Вистината е дека за Барди, како и многу талентирани албански фудбалери во Македонија, никој не се погрижил тие да бидат поблиску до Албанија. Ова е вистината и реалноста и мошне е тешко да го облечат дресот на Албанија“ вели Бериша.

Сега, Барди игра за Македонија, фановите го обожаваат, го сакаат премногу, тие никогаш нема да ја заборават неговата жртва за тоа што го стори во квалификацискиот меч за младата репрезентација на Македонија. Тој беше повреден, и тоа тешко повреден, но ризикуваше, играше под инјекции... Играше најдобро на теренот, постигна еден гол и ја одведе Македонија на Европското во Полска, така да, Барди и значи премногу на Македонија“ додава Бериша.

Во интервјуто Бериша се надоврза на тоа што го изјави Барди, дека не постои албански фудбалер од Македонија што не сонува да го облече националниот дрес на Албанија, а вината за неуспехот за неколкуте прилики кои ги имал нашиот западен сосед ја посочи во раководството на Албанската Фудбалска Федерација.

Барди не е единствениот случај, постојат многу фудбалери кои беа разочарани од преголемото чекање од Албанија, и на крајот ништо... Овие фудбалери имаат подобар третман од Македонија, отколку од Албанија. Македонија го почитува нивниот талент, го вреднува, селекторот на младата репрезентација (Благоја Милевски) ги направи да се чувствуваат како дома, тој направи Албанците и Македонците во таа селекција да се чувствуваат како едно нешто, воопшто во ниту една прилика не ги одделуваше“ истакна Бериша упатувајќи пофалби на работата на Благоја Милевски како селектор на младата фудбалска репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 годишна возраст.

 

Извор: sportekspres.com