24фудбал

Голем пех за Баерн Минхен, Ноер подолг период надвор од стројот!

Германецот се повреди на тренинг на својот клуб и на тој начин го заврши првиот дел од новата сезона.

Германија

Првиот голман на германската репрезентација, воедно и на шампионот на таа земја, 31 годишниот Мануел Ноер веќе го заврши првиот дел од новата сезона, откако на него е направена операција поради скршеница на стопалото.

Добивме ужасни вести, Ноер повторно доживеа тешка операција, сепак, мораме да гледаме напред, му посакуваме брзо опоравување“ изјави претседателот на клубот, Карл-Хајнц Румениге.

Според најавите, клубот соопшти дека првиот голман на тимот ќе се врати на терените дури на почетокот од идната година, а до тогаш негова замена ќе биде 29 годишниот Свен Улрих.