24фудбал

Несторoвски донесе три бода за Палермо против Перуџа (ВИДЕО)

Илија Несторовски одново е херој на Палермо, Македонецот погоди од пенал против Перуџа и донесе минимална победа од 1-0

Македонија

Палермо се врати на победничките патеки, вечерва во Сицилија падна Перуџа.

Херој на домаќините беше Илија Несторовски. Палермо доби пенал а Македонецот ја превзеде одговорноста да ја изведе најстрогата казна.

Популарниот „Нестогол“ биеше прецизно за голема радост и три бода.

Вториот македонец во Сицилија, Александар Трајковски натпреварот го помина на клупата за резерви.