24фудбал

Баерн Минхен убедлив во дербито против Шалке (ВИДЕО)

Баерн Минхен со 3-0 го победи Шалке во Гелзенкирхен и се врати на првата позиција на табелата во Бундеслигата.

Германија

Шалке и Баерн Минхен со ист број на бодови влегоа во дерби натпреварот, но Баварците ја оправдаа улогата на фаворит, одиграа уште еден убедлив натпревар и заслужено ги однесоа трите бода.

Резултатот беше отворен во 25. минута со гол на Левандовски од пенал, четири минути подоцна Баерн искористи еден кикс на одбраната на Шалке и преку Хамес Родригез поведе со 2-0.

Конечните 3-0 ги постави Видал кој постигна убав гол по една фантастична асистенција на Родригез.

Во другите денешни натпревари од Бундеслигата, Менхенгладбах со 2-0 го победи Штутгарт, Аугсбург со 1-0 славеше над Лајпциг, Волфсбург и Вердер одиграа 1-1.