24фудбал

Стефан Ристовски одигра цел натпревар за Спортинг Лисабон

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски конечно доби шанса од првата минута на натпревар на Спортинг Лисабон и остана на теренот до самиот крај.

Македонија

Спортинг Лисабон одигра 0-0 на свој терен против Маритимо во натпревар од првото коло на Лига Купот на Португалија.

Жорж Жесус одмори дел од првотимците, па Стефан Ристовски конечно доби шанса од првата минута да ги презентира своите квалитети.

Македонецот одигра одлични 90. минута, Ристовски си ја заврши својата задача, Спортинг не прими гол, но напаѓачите на португалскиот гигант не успеаа да ја затресат мрежата на противникот.