24фудбал

Алиоски ја собра „пајажината“ од голот на Барнли, Лидс го елиминираше Премиерлигашот! (ВИДЕО)

Во драматичен натпревар кој го решаваа пеналите Лидс победи на гостувањето кај Барнли и направи изненадување елиминирајќи го Премиерлигашот на негов терен во Лига Купот, Алиоски постигна убав гол во пенал серијата.

Македонија

Натпреварот во регуларниот тек заврши 2-2, Алиоски беше на клупата, во игра влезе во 104. минута, пред крајот на првото продолжение.

Се до 80. минута беше 0-0, кога Сако му донесе водство на Лидс од 1-0, во 88. минута Вуд од пенал го изедначи резултатот.

Во 94. минута Хернандез од пенал донесе ново водство за Лидс, овој пат од 2-1, сите помислија дека веќе го има победниокот на овој меч, но Брејди во 96 изедначи на 2-2 и го однесе натпреварот во продолженија.

Во нив немаше погодоци, во пенал серијата Лидс беше поуспешен, а четвртиот шут од белата точка прецизно го реализираше Алиоски. Македонскиот репрезентативец биеше мајсторски во десниот горен агол.