24фудбал

Фудбалот со Меси изгледа толку едноставен, Аргентинецот постигна ЧЕТИРИ гола против Еибар (ВИДЕО)

Барселона стигна до убедлива победа од 6-1 над Еибар, Лео Меси беше прв играч на домаќините со четири погодоци, а во листата на стрелци се запиша и Паулињо

Шпанија

Лео Меси уште еднаш покажа колку фудбалот може да биде едноставен, Аргентинецот со четири гола го деомолираше Еибар.

Резултатот беше отворен во 20. минута, Меси погоди од пенал за 1-0.

До крајот на полувремето Барса стигна до 2-0. Паулињо скокна највиско по еден корнер и ја затресе мрежата на гостите.

На стартот од вториот дел, Суарез погоди за 3-0, а гостите успеаја да реализираат една шанса, Енерич стрелаше прецизно за 3-1 во 57. минута.

Потоа на сцена стапи Лео Меси, Аргентинецот во 59 минута беше опколен од неколку играчи, но во свој препознатлив стил биеше неодбранливо по земја покрај стативата за 4-1.

180 секунди подоцна тој погоди одново, по двојно додавање со Паулињо, низ нозе му ја протна топката на гостинскиот голман за 5-1.

Точка на натпреварот Лео Меси стави во 87. минута кога по една акција со Алеш Видал, рутински ја смести топката во мрежата на Еибар.