24фудбал

Дани Алвеш ги пецна фановите на Барса: Паулињо сега ви изгледа евтин

Поранешниот играч на Барселона, Дани Алвеш се огласи на социјалните мрежи откако неговиот сонародник Паулињо ја затресе мрежата на Еибар и погоди на втор натпревар по ред

Шпанија

Бразилецот ова лето пристигна на Камп Ноу, но фановите на Барселона не беа премногу импресионирани од трансферот.

„Каталонците“ за неговите услуги одвоија 40 милиони евра, па многумина се чудеа како може да се плати ваква сума за играч кој доаѓа од првенството на Кина, и кој беше големо промашување во Тотенхем и Премиерлигата.

За песимизмот кој владееше помеѓу фановите говори и фактот дека на денот на промоцијата на играчот, продавницата на Барса на Камп Ноу не продаде ниту еден дрес од Паулињо.

Па играчот служеше за потсмев на социјалните мрежи.

Но тоа како да не влијаеше многу на Паулињо, кој донесе победа и три бода минатото коло против Хетафе кога влезе од клупата.

Денеска за прв пат беше стартер против Еибар и пак погоди, а имаше и асистенција за Меси.

Тој за неколку дена постигна повеќе голови во Примера отколку Андрес Иниеста за три години, па Дани Алвеш реши да ги пецне фановите.

Поранешниот играч на Барса се огласи на социјалните мрежи и напиша: „Паулињо сега ви изгледа евтин“.