24фудбал

Клоп има сериозни проблеми во нападот: На последните два меча Ливерпул шутна 56 пати, постигна само еден гол! (ФОТО)

Ливерпул има сериозен пад во формата, нема победа на последните четири натпревари, а најголемите критики одат на адреса на офанзивата.

Англија

Ливерпул синоќа доживеа елиминација од Лига Купот на Англија откако со 2-0 загуби на гостувањето кај Лестер.

Црвените доминираа на овој меч, имаа 70% посед на топката, упатија 21 шут кон голот на Лестер но не ја затресоа мрежата на домаќинот.


Изминатиот викенд Ливерпул киксираше во Премиерлигата откако одигра само 1-1 на Енфилд против Барнли.

На тој меч Ливерпул имаше 71% посед на топката, дури 35 шута упатени кон голот на Барнли, но успеа само еднаш да реализира.


На последните два меча тимот на Клоп доаѓа во позиција да шутне, тоа го направи вкупно 56 пати, но само еднаш погоди. Ливерпул има очајна реализација која почнува да му создава главоболки на Германецот.