24фудбал

Нејмар е веќе минато, Паулињо игра како „по ноти“ во Барселона покрај Меси! (ВИДЕО)

Бразилецот беше дочекан со скептицизам во редовите на Барселона, но тој веднаш демантираше со блескави изданија во тимот.

Македонија

Барса е немилосрдна, игра безпрекорно добро и покрај заминувањето на Нејмар во ПСЖ ова лето, па каталонскиот гигант по двата порази во серија во шпанскиот Суперкуп од Реал Мадрид, забележа шест порази во серија во сите конкуренции.

Она што се чини дека најмногу ги радува фановите на тимот од „Камп Ноу“ е тоа како летното засилување, 29 годишниот Бразилец Паулињо се вклопи и адаптираше во тимот, тој веќе постигна два погодоци во неговите четири досегашни настапи за Барселона.

Дани Алвеш ги пецна фановите на Барса: Паулињо сега ви изгледа евтин

Сепак, најголем впечаток од првичната слика во Барселона за тоа дека Паулињо одлично функционира со своите нови соиграчи, пред сесо Лионел Меси и Луис Суарез, говорат два видео детали, најнапред од гостувањето кај Гетафе, во мечот каде Паулињо му помогна на Ернесто Валверде да триумфира по петти пат во серија со гол во 84. минута за триумф од 1-2, и неговото издание во синоќешната домашна победа на Барселона во победата над Еибар со 6-1.