24фудбал

Перформансите на Чемберлејн мета за потсмев на социјалните мрежи: Арсенал го ограби Ливерпул! (ВИДЕО)

Социјалните мрежи се кренаа на ноза по изданието на Чемберлејн против Лестер.

Англија

Ливерпул доживеа елиминација од англискиот Лига Куп во третото коло откако забележа пораз на гостувањето кај Лестер со 2-0, но поразот остана во сенка по бледото издание на скапото засилување за Редсите ова лето, 24 годишниот офанзивец Алекс Окслејд-Чемберлејн.

Веќе се сумираат впечатоците од синоќешната пресметка на „Кинг Пауер“ и првичната оценка е дека 40 милиони фунти скапото засилување за тимот од „Енфилд Роуд“ е далеку од формата која ја посакуваат фановите на славниот англиски клуб.

Покрај многуте коментари на видеото кое на големо се коментира на социјалните мрежи, ќе ги издвоиме оние поиновативните, во кои се вели...

Арсенал го ограби Ливерпул, толку лошо...

40 милиони за што? На што се тие таму?

Фановите на Арсенал го гледаат ова како порно...

Двата лајкови на видеото сигурно се од него и Пери