24фудбал

Коман го посрамоти фудбалерот на Шалке, Керер „се испружи“ на теренот по потегот на Французинот! (ВИДЕО)

Дуел на двајца млади фудбалери на обата тима, а како голем победник во пресметката излезе францускиот интернационалец.

Германија

Минхенски Баерн ја потврди својата класа на гостувањето кај Шалке 04 во рамките на четвртото коло од германската Бундеслига, каде синоќа славеше со убедливи 0-3.

Покрај многуте фантастични потези на гостинската екипа, од кои веќе го издвоивме оној на Хамес Родригез, вреди да се издвои и овој на Коман, по кој „настрада“ Керер.

Французинот со една фантастична реакција го „испружи“ на теренот противничкиот фудбалер кој немаше можност да реагира во една ваква ситуација.