24фудбал

Поранешниот десен бек на Спортинг, Нелсон го коментираше изданието на Ристовски во мечот против Маритимо

Стефан Ристовски во центарот на вниманието во португалската фудбалска јавност.

Македонија

Стефан Ристовски, нашиот 25 годишен репрезентативец синоќа го одигра целиот натпревар за Спортинг Лисабон во дуелот против Маритимо (0-0) во Лига Купот на Португалија.

Ристовски ги освои и насловните страници на спортските весници во Португалија (ФОТО)

Тамошните медиуми на големо го испофалија нашиот репрезентативец, тој ги освои и симпатиите на фановите на славниот португалски тим, но се чини дека не ги задоволил „критериумите“ на поранешниот десен бек на тимот од Лисабон, 45 годишниот Фернандо Нелсон, кој во периодот од 1991. до 1996. година забележа 115 настапи за Спортинг, меѓу другото зад себе има запишано и 10 настапи за сениорската селекција на Португалија.

Жорге Жесус ги пренесе импресиите од изданието на Стефан Ристовски

Без разлика на комплиментите на Жорге Жесус (тренерот на Спортинг Лисабон), верувам дека Пичини ќе биде приоритетен на таа позиција. Како и да е, постои период кога Пичини мора да се покаже како попродуктивен на теренот“ вели Нелсон.

Ристовски ги освои фановите на Спортинг, тие се едногласни: Тој е подобар од Пичини,треба да биде стартер! (ФОТО)

Постојат фудбалери на кои им е потребна адаптација во тимот, во таа група го сместувам Ристовски, доколку тој е фудбалер кој подобро се снаоѓа на крилната позиција, порано или подоцна тоа ќе го докаже. Да бидам искрен, се двоумам околу тоа која е најдобрата позиција за Ристовски...“ додава поранешниот фудбалер на Спортинг Лисабон.



Извор: rr.sapo.pt