24фудбал

Пола Европа го бара талентираниот Германец кој вреди 70 милиони евра, а следното лето е достапен за НУЛА евра

Во време кога се плаќаат луди трансфер суми, Шалке би можел да остане уште еднаш со празни раце, пола Европа го сака нивниот голем талент, Леон Гроецка

Германија

Клубот од Гелзенкирхен во изминатиов период не успеа да заработи на неколку играчи, помеѓу кои Џоел Матип и Сеад Колашинац.

Првиот се пресели во Ливерпул како слободен агент во 2016, а истото го стори и Босанецот ова лето.

Во време кога се плаќаат луди трансфер суми, Шалке сега може да остане уште еднаш со празни раце.

Во прашање е големиот талент Леон Гроецка, кој ја одработува последната година од договорот, следното лето може да замине без оштета.

Според Билд, ако се земат во предвит последните случавања на трансфер пазарот, би биле потребни 70 милиони евра за ангажман на Леон Гроецка доколку тој има долгогодишен договор, но играчот сега е достапен за НУЛА евра, па половина Европа внимателно ја следи неговата ситуација.

Помеѓу клубовите кои пројавуваат конкретен интерес се Баерн, Барса, Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, Челси и Ливерпул, додека Арсенал, Реал Мадрид и ПСЖ се во втор план.

Се верува дека токму Баерн и Барса се најблиску до потписот на 22 годишниот Германец. Билд пишува дека Гроецка со месеци веќе имал зацртано преселба на Алиацна Арена, но понудата од „Каталонците“ му ги поматила плановите и сега е на два ума.

Шалке очекува до крајот на годината да се расчисти иднината на фудбалерот, кој на маса има понда за нов пет годишен договор и плата од 10 милиони евра, со која ќе стане најплатениот играч во историјата на клубот.