24фудбал

Новиот дом на Атлетико Мадрид домаќин на финалето во ЛШ во 2019

Новиот стадион на Атлетико Мадрид, прекрасниот Метрополитано е избран да биде домаќин на финалето во Лигата на шампионите кое ќе се одигра во 2019 година.

Лига на Шампиони

УЕФА денеска објави дека Естадио Метрополитано во Мадрид е избран да биде домаќин на финалето од Лигата на шампионите во 2019 година кое ќе се игра на 1. јуни.

Новиот стадион на Атлетико Мадрид се отвори изминатиот викенд на дуелот против Малага.

Мадрид прв пат ќе биде домаќин на финале од ЛШ, а тоа да не е на Сантијаго Бернабеу.

Метрополитано првично е изграден во 1992 година, тогаш со капацитет од 20.000 гледачи, во сопственост на градот Мадрид. Во 2013 Атлетико Мадрид го добива стадионот и на негово место гради речиси нов кој изгледа прекрасно, модерно и има капацитет од 67,703 гледачи.