24фудбал

Големите шпански клубови почнуваат да тропаат на вратата на Леванте, го сакаат Барди!

Според шпанските медиуми, Енис Барди ќе биде еден од најбараните фудбалери во зимскиот преоден рок по импресивните партии во дресот на Леванте.

Македонија

Барди многу брзо се прилагоди на новата средина и полека станува главен играч на Леванте, македонскиот фудбалер со игрите го привлекува вниманието и на многу поголеми клубови.

„Ел Гол Дигитал“ пишува дека повеќе шпански клубови ќе се обидат да дојдат до Барди уште во јануари меѓу нив се Севиља, Валенсија, Виљареал, Реал Сосиедад и Бетис.

Шпанските медиуми го опишуваат Барди како комплетен фудбалер кој има способност да биде лидер во тимот, поседува голем квалитет и млад е, па предвидуваат дека ќе биде една од ѕвездите во шпанската лига во иднина.

Барди има откупна клаузула од 25 милиони евра, Леванте сигурно нема да сака да го продаде под таа сума. 

Можеби Барди во јануари нема да замине од Леванте, но се верува дека овој клуб е само негова отскочна даска кон некој поголем предизвик.