24фудбал

Милан со два пенала го реши СПАЛ, Манџукиќ ја скрши упорната Фиорентина (ВИДЕО)

Милан славеше над новајлијата СПАЛ на Сан Сиро со 2-0, Марио Манџукиќ му донесе три бода на Јувентус во дербито со Фиорентина

Италија

„Росонерите“ без многу проблеми забележаа нова победа, на Сан Сиро го совладаа СПАЛ благодарејќи на два пенали.

Најпрво Родригез погоди од белата точка во првиот дел, а потоа Кеси беше сигурен реализатор на најстрогата казна во второто полувреме за 2-0.


Јувентус со минимални 1-0 ја доби дерби пресметката со Фиорентина. Голот вреден три бода за домаќините го постигна Марио Манџукиќ.

На стартот од вториот дел, Хрватот одлично се снајде по една нафрлена топка и со глава ја затресе мрежата на гостите.


Наполи со фуриозни пет минути во вториот дел преку пресврт стигна до победа во Рим над Лацио од 1-4, Рома со 0-4 славеше на гостувањето кај Беневенто, а до убедлив Триумф од 5-1 стигна и Аталанта во дуелот со Кротоне.


Сасуоло со минимални 0-1 стигна до победа кај Каљари, а Торино со 2-3 триумфираше во Удине. Џенова и Киево ги поделија бодовите, а без победник заврши и средбата помеѓу Верона и Сампдорија.