24фудбал

Фаворитите убеливи во Карабао Куп, само Арсенал се мачеше со третолигаш (ВИДЕО)

Премиерлигашите ја покажаа својата моќ во третото коло од Карабао Купот, Челси и Јунајтед забележаа убедливи победи но Арсенал се мачеше со третолигашот Донкастер

Англија

Големите клубови од „Островото“ имаа широк состав и токму тоа го покажаа вечерва во Лига Купот, кој оваа сезона го носи името на спонзорот Карабао.

Челси со убедливи 5-1 славеше над Нотингем, Манчестер јунајтед со 4-1 во совлада Бартон, а Евертон со 3-0 триумфираше над Сандерленд.


Манчестер Сити со 1-2 победи на гостувањето кај ВБА, а најмногу се мачеше Арсенал.

„Топчиите“ пред своите фанови со третолигашот Донкастер одиграа само 1-0. Гостите во финишот имаа неколку шанси да го шокираат фаворитот но беа неспретни во завршницата од акциите.