24фудбал

Големото промашување на Роналдо кое го остави Реал и без бодови и без рекорд (ВИДЕО)

Бетис го шокираше Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу со гол во 94. минута, а голем трагичар за домаќините е првата ѕвезда Кристијано Роналдо

Шпанија

Португалецот се врати во тимот откако ја одлежа суспензијата од пет натпревари, но не беше од голема помош против Бетис, натпревар на кој „Кралевите“ требаше да испишат историја и да го надминат рекордот на Сантош и Пеле.

Но првата ѕвезда на Реал е голем трагичар откако на почетокот од вториот дел имаше огромно промашување.

Бејл му уфрли една топка по земја на 11 метри, а Роналдо место да ја затресе мрежата на Бетис, ја испрати топката високо на трибини.