24фудбал

Неверојатниот Роналдињо продолжува да ги воодушевува фановите! (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Барселона изведе еден фантастичен потег по кој „настрада“ противничкиот голман.

Останато

Роналдињо изведе прекрасна мајсторија на натпревар од еден футсал куп кој се игра во Индија.

Бразилецот инаку на овој турнир игра за Делхи Драгонс, а во мечот против Бенгалур Ројалс, Роналдињо постигна три гола. Интересно, за противничкиот табор играше поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Сколс.