24фудбал

Роналдо зад своето име запиша и негативен рекорд

Португалецот по лошо ќе го памети мечот со Бетис и враќањето по петте меча суспензија.

Шпанија

Бранителот на титулата во Ла Лига, тимот на Реал Мадрид синоќа забележа шокирачки, барем според многумина, пораз од Бетис пред својата публика, а голот за триумф на гостите беше постигнат во самата завршница од мечот на „Сантијаго Бернабеу“.

Првата ѕвезда на европскиот првак, Кристиано Роналдо по петте меча суспензија кои ги доби на натпреварот против Барселона во Суперкупот на Шпанија, синоќа се врати на терените, но тој по лошо ќе го памети своето издание против Бетис.

Покрај многуте рекорди кои ги запиша зад своето име, Португалецот синоќа запиша и еден негативен.

Големото промашување на Роналдо кое го остави Реал и без бодови и без рекорд (ВИДЕО)

Роналдо во 90 минути упати вкупно 12 удари кон противничкиот гол, без успех да го најде патот во мрежата од голот на Бетис и да се запише во листата на стрелците.

Воедно, ова е најголемата бројка на обиди на Португалецот од кои барем еден не заврши во мрежата од голот во шпанската Примера, а офанзивецот на Кралевите само го зголеми учинокот во негативна конотација кој го имаше и во септември пред две години, кога имаше речиси идентичен учинок.