24фудбал

Меси има постигнато голови колку цел Реал Мадрид заедно

Статистика која го покажува фантастичниот влез на Меси и Барселона во новата сезона во Примера и кризата на Реал Мадрид.

Шпанија

По првите пет кола од новата сезона во Примера, Лео Меси има постигнато ист број на голови (9) колку Реал Мадрид, повеќе од него имаат само Реал Сосиедад (11) и Атлетико Мадрид (10).

Меси е на врвот на листата на стрелци во Примера, има подобра статистика по првите пет кола дури и од сезоната 2011/12 кога во овој период имаше постигнато осум гола, а на крајот заврши со рекордни 50.

Аргентинецот постигна повеќе од половина голови на Барселона која до овој момент има вкупно 17. Тој беше стрелец на три меча, два постигна против Алавес, хет-трик против Еспањол и четири му даде на Еибар.

За Реал Мадрид Асенсио има два, Бејл два, по еден Касемиро, Вазкез, Мајорал и Тони Крос, и еден е автогол.

По првите пет кола Барселона има максимални 15 бода, Реал Мадрид има дури седум помалку.