24фудбал

Роналдо, Меси и Нејмар во трка за наградата „The Best“

Светската фудбалска федерација (ФИФА) втора година по ред ќе го врачи признанието за најдобар играч во светот по горе споменатата награда.

Останато

Минатата година наградата отиде во рацете на првата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо, а тогаш тој крај себе имаше блескава сезона, ја освои Лигата на шампионите, го подигна победничкиот пехар и на Европското првенство со својата селекција Португалија, а се чини дека и годинава е прв фаворит за оваа престижна награда.

Во конкуренција за признанието најдобар фудбалер на светот се уште и Бразилецот од ПСЖ, Нејмар, како и Аргентинецот од редовите на Барселона, Лионел Меси.