24фудбал

Мурињо е импресиониран од Марсијал

Жозе Мурињо е импресиониран од однесувањето на Ентони Марсијал оваа сезона, има само пофалби за францускиот фудбалер.

Англија

Очигледен е напредокот на Марсијал во однос на минатата сезона. На Лига Куп мечот против Бартон беше прогласен и за играч на натпреварот.

„Гледам голем напредок кај него. Во неговото расположение, во неговото лице, во неговиот говор на тело. Доколку сакате да го опишам со еден збор, тоа е: среќен. Многу сум задоволен од неговото однесување во целост, што значи дека ќе му биде полесно да игра“ - вели Мурињо.

„Тој е среќно момче, работи екстремно добро. Доколку го почне мечот, се обидува да одигра добро, доколку влезе од клупата, дури и тоа да е само 10 минути, се обидува да ужива и дава нешто посебно додека е на теренот“.