24фудбал

Замената на Нојер брани како аматер, големиот кикс на Улрајх ги запали социјалните мрежи (ВИДЕО)

Мануел Нојер важи за еден од најдобрите голмани во светот на фудаблот па не е лесно да се замени, но она што го направи Свен Улрајх против Волфзбург е во ранг на аматер

Германија

„Баварците“ беа на пат да прокнижат нова победа откако на полувреме имаа предност од 2-0 против Волфзбург со погодоците на Левандовски и Робен.

Но гостите се вратија во игра благодарејќи на Свен Улрајх, кој застана помеѓу стативите по повредата на Мануел Нојер.

Голманот во 56. минута реагираше како аматер и дозволи слободниот удар на Арнолд кој одеше директно во него, некако да заврши во мрежата.

„Волците“ се осоколија по овој погодок и до крајот стигнаа до 2-2 преку Дидави и му откинаа два бода на фаворитот.

Па Свен Улхрајх ги запали социјалните мрежи и доби еден куп критики со оглед на тоа дека Волфзбург упати само три удари во рамките на голот, и погоди два пати.