24фудбал

Себаљос му донесе победа на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Реал Мадрид дојде до победа од 2-1 на гостувањето кај Алавес благодарение на два гола на Дани Себаљос.

Шпанија

Младиот Дани Себаљос е херојот на Реал Мадрид откако му донесе три бода на кралскиот клуб на гостувањето кај Алавес.

Победата на Реал Мадрид доаѓа по домашниот пораз од Бетис и е многу важна за враќање на самодовербата кај играчите на шампионот.

Сите возбудувања се случија во првото полувреме. Себаљос уште во 10. минута го отвори резултатот.

Во 40. минута Гарсија изедначи на 1-1, но само три минути подоцна со својот втор гол на натпреварот Себаљос донесе триумф на Реал Мадрид.